Top Sport

Руска „пречка“ на патот до финалето за ЖРК Вардар

Дебитантот на Фајнал фор турнирите во Лигата на шампионите, рускиот Ростов е противник на ЖРК Вардар на патот до финалето во Будимпешта по ждрепката на ЕХФ.

Со оваа ждрепка, „црвено-црните“ ги избегнаа фаворизираните ЧСМ Букурешт и Ѓер, кои ќе се судрат во второто полуфинале на 12 и 13 мај.

Сегашната „голема“ генерација на ЖРК Вардар, која ќе се разотиде на крајот на сезоната, ќе се обиде да ја освои првата европска титула во петтиот настап на завршницата на големото натпреварување. По трите трети места и минатогодишниот контроверзен пораз во финалето од Ѓер, ова е совршена шанса за освојување на трофејот.

Фото: ЕПА

Scroll to Top