Top Sport

Бензема може да одговара кривично за скандалот со секс-лентата

Францускиот врховен суд ја одби жалбата на фудбалерот на Реал Мадрид, Карим Бензема за отфрлање на обвинувањата од 2015 година за наводната уцена со секс-лентата на неговиот поранешен соиграч од француската репрезентација, Матју Валбуена.

Ова значи дека Бензема може да одговара кривично бидејќи жалбата се обидуваше да ја отфрли легалноста на истрагата за уцена во која наводно бил вклучен и Бензема. Судот одлучи дека методите на истрага кои ги користела француската полиција биле легални.

Валбуена тврдеше дека е жртва на уцена откако добил телефонски повик во кој непознатиот човек тврдел дека има секс-лента со фудбалерот. Француското обвинителство тврди дека Бензема бил „посредник“ меѓу Валбуена и уценувачите, од кои еден е наводно пријател од детството на Бензема. Легалниот тим на Бензема тврдеше дека полицијата направила „местенка“ откако во телефонските повици еден полицаец се претставувал како пријател на Валбуена. Сега, судот во Версај ќе треба да утврди дали случајот ќе оди на суд.

Поради овој скандал, Бензема е „исклучен“ од француската репрезентација, откако селекторот Дидие Дешам повеќе пати ја отфрлаше можноста тој да се врати кај „триколорите“, а неодамна Бензема најави дека би можел да игра за земјата на неговите родители, Алжир, по што следуваше демант од алжирскиот селектор.

Scroll to Top