Ѕвездата на Реал Мадрид, Карим Бензема вели дека е подготвен по крајот на фудбалската кариера да се обиде во ММА спортовите, односно да стане кик-боксер.
32-годишниот Бензема имаше одлична сезона за „кралевите“ постигнувајќи 21 голови и осум асистенции за да се освои шпанската титула, но сега вели дека е подготвен и за предизвици надвор од фудбалскиот терен.
Одговарајќи на прашање на францускиот кик-боксер Фуад Езбири, со кого тренираше во минатото, Бензема вели дека не би имал проблем да влезе во рингот.
„Фуад, мој пријателу, добро знаеш колку ги сакам боречките спортови. Сакам да тренирам, а по фудбалот зошто да не работам со тебе шест месеци. Мислам дека би бил подготвен за меч потоа, не би било проблем. Работам напорно на фудбалсот и мислам дека уште го давам мојот максимум. Знам дека сум блиску до крајот на мојата кариера, но годините не значат ништо кога работите одат добро“, вели Бензема.