Top Sport

Бензема: Проблемот во Реал не е тренерот, туку играчите

Карим Бензема, легенда на Реал Мадрид, ја анализираше ситуацијата во клубот. Легендарниот Французин го носеше дресот на Реал Мадрид 14 години и во тој период освои сè во клупскиот фудбал. Тој моментално игра за Ал Итихад, а во интервју за „Лекип“, се осврна на актуелниот момент во својот поранешен клуб.

Бензема смета дека проблемот во Реал не е тренерот, туку играчите.

„Она што му недостасува на Реал Мадрид е врската помеѓу Мбапе, Винисиус, Белингам и Родриго. Секој од нив мора да знае што треба да прави на теренот. Белингам мора да разбере дека не е напаѓач, туку играч од средниот ред, Мбапе е напаѓач, а не офанзивен играч од средниот ред, Винисиус не е заден играч за врска, туку лево крило. Зборуваме за играчи кои се меѓу десетте најдобри во светот, и сите се во истиот тим. Тешко е, бидејќи секој има своја личност и карактер. Секој сака да биде најдобар, па затоа е малку комплицирано“.

Се поставува прашањето колкава одговорност има Чаби Алонсо во целата ситуација.

„Тренерот не може ништо да направи, ова е работа на играчите. Ако вашиот соиграч е подобар од вас, мора да го прифатите тоа, а не мислам дека тоа е прифатено во Реал. Затоа имате проблеми кога имате пет или шест одлични играчи во вашиот тим. Сите тие придонесуваат, но голгетерот е оној кој добива малку повеќе внимание од другите. Но, нему му се потребни други соиграчи, не може сè да направи сам.“

Егоизмот во клуб како Реал е нормална појава, проблемот е како да се контролира егото на светските ѕвезди.

„Проблемот е што во Реал Мадрид нема поискусни играчи кои се осмелуваат да им кажат на Белингам, Мбапе и Винисиус дека прават нешто погрешно. Тренерот го прави тоа, но на поинаков начин. Ситуацијата е комплицирана, денешните играчи не разговараат едни со други и тоа може да се забележи. Сè се сведува на „Јас си ја завршив работата, постигнав гол“. Критиката секогаш е тешка за прифаќање, но всушност е чекор напред ако ја прифатите добро. Реал Мадрид е комплицирана средина во моментов, бидејќи има премногу добри играчи“.

Foto/ depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');