Од Саудиска Арабија пристигнуваат неочекувани вести, дека Карим Бензема наводно размислува да стави крај на кариерата.
Бензема осцилираше во формата откако се пресели од Реал Мадрид во Ал Итихад. Но оваа сезона игра добро, постигна десет гола во исто толку натпревари. „Релево“, тврди дека Бензема „со главата повеќе не е во фудбалот“.
Поради тоа тој размислува да стави крај на кариерата, а наводно веќе имал понуда за работа од Реал Мадрид.
Поранешниот француски репрезентативец би станал амбасадор на Реал Мадрид. Бензема играше за Реалод 2009 до 2023 година.
Кариерата ја започна во Олимпик Лион, таму помина четири години, а потоа се пресели во Реал.
За француската репрезентација одигра 97 натпревари и постигна 37 голови.