Top Sport

Бензема се подготвува да го напушти Реал – Добил понуда од 200 милиони евра

Карим Бензема се уште нема потпишано нов договор со Реал Мадрид. Бензема за еден месец ќе биде слободен играч.

Познатиот Релево тврди постои можност Бензема да го напушти Реал како слободен играч. Според овој извор и во клубот постои сомнеж дека напаѓачот преговара со други клубови.

Според нивните сознанија, неименуван клуб од Саудиска Арабија на Бензема му нуди дури 200 милиони евра за две сезони, до летото 2025 година.

Покрај тоа, Бензема би добил дополнителни бонуси за авторски права, додека неговите деца би имале соодветно образование, идентично како во Мадрид и дека условите за живот се повеќе од совршени.

Карим Бензема е играч на Реал од 2009 година. Клубот за неговиот трансфер на Лион му плати 35 милиони евра.

Во дресот на „кралскиот клуб“, одигра 647 натпревари, постигна 353 гола и додаде 165 асистенции. Со Реал ги освои сите трофеи во клупскиот фудбал.

Scroll to Top