Карим Бензема се подготви за рестартот на Ла лига оваа недела со својот скапоцен Бугати Чајрон, супер-ексклузивен тркачки автомобил вреден околу 2.5 милиони евра од кои беа изработени само 500 автомобили. Еден од другите 500 среќни сопственици е и неговиот близок пријател Кристијано Роналдо.
Автомобилот кој Бензема го купи во 2018 година, има 1.500 коњски сили, оди од 0 до 100 км/ч за само 2.5 секунди и максимална брзина од неверојатни 420 км/ч. Бугатито е круна на колекцијата на автомобили на ѕвездата на Реал Мадрид, бидејќи тој поседува и Ламборгини Авентадор, Бугари Вејрој Пур Санг, Мерцедес СЛР Мекларен, Ламборгини Урус и Ферари 488 Спајдер.
Дека втора страст му се автомобилите се гледа и по казните кои тој ги добиваше за пребрзо возење во минатото.
View this post on Instagram