Top Sport

Рафа не му платил на менторот, чичко Тони ниту едно евро

Иако го придружуваше својот внук Рафаел Надал во поголемиот дел од неговата кариера, популарниот чичко Тони Надал вели дека не земал ниту едно евро од него пред да реши да ја преземе неговата тениска академија во Манакор.

Во интервју за швајцарскиот весник „Блик“, Тони Надал зборуваше за соработката со Рафа, кој има 19 гренд слем титули, само една помалку од вечниот Роџер Федерер.

„Тој никогаш не ми плати ниту едно евро. Затоа имав целосна независност. Да зависев од неговата плата, тогаш ќе ги прифаќав работите кои обично не ги прифаќам. Со тоа што не му дозволив да ме плати, ја купив сопствената независност. Таткото на Рафаел и јас наследивме семеен бизнис и се согласивме дека јас ќе се грижам за тоа и за тенисот. Тоа ми го направи животот тежок на моменти и го туркав до максимум, но тој беше најдобриот ученик. Сакаше да учи, разбираше зошто сум груб и зошто со тоа ќе стане подобар. Лошо однесување води до проблеми на тенискиот терен, но и во животот. Никогаш немаше да го толерирам да фрли рекет и тој го знаеше тоа“, вели Тони Надал.

Scroll to Top