Медиумите во Саудсика Арабија објавија дека Карим Бензема ја напуштил земјата. Францускиот напаѓач не беше на тренингот на Ал Итихад во петокот, а како причина за напуштањето на клубот ги наведе личните причини.
Бензема ја напушти Арабија два дена откако го деактивираше својот Инстаграм профил, каде имаше повеќе од 76 милиони следбеници.
Напаѓачотн е на удар на навивачите, но и на медиумите кои го прогласија за главен виновник за лошите резултати на Ал Итихад. Неговиот тим, еден од четирите во кои саудиската влада инвестираше огромни пари, заостанува огромни 25 поени зад лидерот Ал Хилал.
Бензема доби многу критики на социјалните мрежи и затоа наводно го деактивирал Инстаграм. Сепак, се уште не се знае зошто ја напушти Саудиска Арабија, ниту кога има намера да се врати во клубот кој му плаќа 100 милиони евра по сезона.
Покрај тоа, тој добива бонус од 20 милиони евра како амбасадор на кандидатурата на Саудиска Арабија за Светското првенство во 2030 година.
Денеска во сите саудиски медиуми многу пишуваат дека Бензема ќе го напушти клубот, а беше објавена и кратката реакција на Ал Итихад. Клубот тврди дека Бензема добил три дена одмор поради „посебни околности“.
Од друга страна, неколку шпански медиуми истакнуваат дека тој одлучил да се врати во Европа и сега прави се за клубот да го раскине неговиот договор. Сè уште нема официјална потврда или демант,а Бензема не се огласува.