Top Sport

Бензема се „врати на работа“ со фантастичен гол, Реал рутински против Елче

Карим Бензема го постигна својот прв гол по славјето по освојувањето на „Златната топка“ за да помогне Реал Мадрид да стигнат до 0:3 победа на гостувањето кај Елче, за (барем привремено) да се одвојат на 6 поени пред Барселона на врвот на табелата во шпанската Ла лига.

На Французинот му беше поништен гол уште во 6. минута поради офсајд, но само пет минути подоцна Феде Валверде ја продолжи голгетерската серија за предност на „кралевите“. Интересно, Бензема имаше уште еден поништен гол во 61. минута, пред во 75. минута да добие мајсторска асистенција од Родриго за 0:2.

Марко Асенсио во 89. минута стави точка на мечот за победа на тимот на Карло Анчелоти, деветта во првите 10 кола во шпанскиот шампионат.

ЛА ЛИГА, 10.КОЛО
Елче – Реал Мадрид 0:3
Кадиз – Реал Бетис 0:0
Валјадолид – Селта Виго 4:1
Реал Сосиедад – Мајорка 1:0


Standings provided by Sofascore

Scroll to Top