Top Sport

Без Роналдо, „ѓаволите“ со ветувачка победа против Тотенхем

Манчестер јунајтед не дозволи изненадување на „Олд Трафорд“ и ги совлада Тотенхем со 2:0, во меч во кој тимот на Антонио Конте можеше да го помине Манчестер сити на второто место на табелата.

По разочарувачките 0:0 против Њукасл во текот на викендот, Ерик Тен Хаг повторно реши да го остави Кристијано Роналдо на клупата, иако во претходниот меч против Тотенхем постигна хет-трик и се реши да стартува со Маркус Рашфорд. Во првото полувреме, домаќините имаа повеќе од играта, но не успеаја да најдат пат до голот на Иго Љорис, иако Антони имаше статива, пред во 47. минута, Фред со малку среќа да го отвори резултатот. Трите поени за Јунајтед ги обезбеди Бруно Фернандеш во 69. минута од мечот.

Со трите поени, Јунајтед се враќа на 5. место на табелата со 19 поени, еден зад четвртопласираниот Челси, но веќе осум зад лидерот Арсенал. Тотенхем остануваат на третото место со 23 поени.


Standings provided by Sofascore

Scroll to Top