Top Sport

Бензема-шоу во Баскија, Реал „бега“ дури осум во Шпанија!

Карим Бензема постигна два гола во првите 7 минути игра на „Сан Мамес“ за Реал Мадрид да си замине со 2:1 победа кај Атлетик Билбао, за да избега дури 8 поени пред Севилја на табелата во Шпанија.

Бензема има постигнато неверојатни 20 голови оваа сезона во сите натпреварување за „кралевите“, а еден од најубавите му беше на стартот на гостувањето пред Божиќ со фантастичен удар од далечина. Атлетик одговорија на овој „атомски“ старт на лидерите со голот на Оихан Санцет во 10. минута, но предноста тимот на Карло Анчелоти не ја испушти до крај.

Реал по 19 меча има 46 меча, Севилја е втора со 38 (иако со натпревар помалку), а Бетис се трети со 33. Градскиот ривал Атлетико по четири порази во низа заостанува 17 поени,  а Барселона има 18 поени негатива…

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top