Top Sport

Бензема со два гола ги казни Еспањол – Реал совршени по првите три кола во Ла лига

Реал Мадрид се приклучија на Реал Бетис како единствени два клуба со скор од три победи во првите три меча од шпанската Ла лига, откако Карим Бензема повторно се покажа како „џокер“ на „кралевите“ со два гола во финишот на натпреварот за 3:1 победа на гостувањето во Барселона кај Еспањол во последниот меч од третото коло.

„Кралевите“ се понадеваа на лесна победа, откако Винисиус Жуниор постигна гол по само 12. минути игра по асистенција на Ориел Чуамени, но Еспањол успеа да израмни во финишот на првото полувреме, кога обидот на Хоселу беше недостижен за Тибо Куртоа во 43. минута од мечот.

По ова, во второто полувреме, тимот на Карло Анчелоти имаше повеќе од играта, со посед од топката од над 60 отсто, и својата шанса ја дочекаа во 88. минута, кога Родриго фантастично го пронајде Бензема и тој го постигна победничкиот гол за гостите. Голманот на Еспањол, Бенжамин Леком во самиот финиш на мечот доби црвен картон по несмислен фаул надвор од шестнаесетникот, за од слободниот удар, Бензема да го постигне својот втор гол откако капитенот на Еспањол, Леандро Карера не реагираше на неговиот удар.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top