Top Sport

Бензема со два гола, Реал рутински во полуфиналето на Копа дел Реј (видео)

Реал Мадрид се пласираше во полуфиналето на шпанскиот куп, откако и во вториот меч со 3:1 ја совлада Џирона, овојпат на гости, надополнувајќи го 4:2 триумфот од „Сантијаго Бернабеу“.

Двоен стрелец беше Карим Бензема, кој полека ја покажува својата вистинска форма во отсуство на повредениот Герет Бејл. Французинот прво стрелаше во 27. минута по одлично двојно проигрување со Карвахал, за во 43. минута да го удвои водството со еден прекрасен гол од работ на шестнаестникот.

Џирона се обиде да се врати во игра со гол во 71. минута преку Поро, а точка на мечот стави Љоренте со уште еден убав гол од далеку пет минути подоцна.

Фото: ЕПА

Scroll to Top