Карим Бензема има договор со Реал Мадрид до јуни 2022 година и план каде ќе ја заврши кариерата. 33-годишниот напаѓач од 2009 година е во Реал, за неговиот трансфер „кралскиот клуб“ на Лион им плати 35 милиони евра.
Поранешниот француски репрезентативец, минатата сезона со своите голови даде голем придонес во походот на шампионската титула. Неговиот план е да го одработи договорот со Реал, а потоа дома да ја заврши кариерата.
„Сигурно е дека ќе се врати во Лион. Никогаш немаше можност да заигра на новиот стадион кој е отворен во 2016 година. Има голема желба да се врати дома и таму да ја заврши кариерата. Не знам кога тоа ќе се случи, но сигурен сум дека еден ден повторно ќе го облече дресот на Лион. Сака да му се оддолжи на Лион за се што му пружи во кариерата“, рекол менаџерот на Лион, Карим Џазири.