Top Sport

Уште еден позитивен на Ковид-19 во Реал Мадрид

Фудбалерот на Реал Мадрид, Начо Фернандес, е заразен со вирусот Ковид-19, објави клубот. Дефанзивецот бил позитивен на последното тестирање извршено во клубот. Од минатата недела, пораи позиитвниот тест, во изолација се наоѓа тренерот на Реал, Зинедин Зидан.

Добра вест за сите во Реал е фактот дека Начо го пропушти натпреварот со Алавас, во саботата, па се претпоставува дека не бил во контакт со ниту еден соиграч.

Реал Мадрид, наредниот меч во Ла Лига, ќе го одиграат во сабота против Леванте.

Scroll to Top