Top Sport

Бензема во Серија А!?

Себастијан Фреј, поранешниот голман на Интер, Парма, Џенова и Фиорентина, тврди дека дознал дека Карим Бензема до крајот на преодниот рок ќе пристигне во Серија А.

Фреј „откри“, дека Бензема би можел да премине во редовите на Интер благодарение на експертот за трансфери, Џузепе Марота.

Марота заврши импресивна работа во Јувентус, а потоа се пресели во Интер.

„Нероаѕурите“ потоа го освоија Скудетото и играа во финалето на Лигата на шампионите, а моментално се најдобриот тим во Серија А.

Голем дел од заслугата за неодамнешните успеси на Интер има Марота, кој со мал буџет успева да формира врвен тим.

Токму затоа Фреј е убеден дека Марота ќе успее да го донесе Бензема, за кого се шпекулира дека сака да ја напушти Саудиска Арабија и Ал Итихад.

Scroll to Top