Top Sport

Знае ли Американецот што прави? Бели го вратил Лампард по совет на Џејмс Корден?

Американскиот газда на Челси, Тод Бели наводно го консултирал својот пријател и ТВ-водител Џејмс Корден пред да одлучи да го врати Френк Лампард како преоден менаџер на „Стемфорд Бриџ“, тврди британскиот таблоид „Сан“, прашувајќи се дали тој воопшто знае што прави со водството на клубот.

Одлуката да се отпушти Греем Потер можеби не изненади многумина по лошата форма на „сините“, но големо изненадување беше одлуката да му се даде втора шанса на Лампард, кој претходно оваа сезона доби отказ од Евертон. Во првиот меч на клупата, тие загубија со 1:0 од Вулверхемптон.

Челси потрошија над 600 милиони фунти во последните два преодни рока на 17 фудбалери, но се на 11. место во Премиерлигата со 17 поени од четвртопласираните Манчестер јунајтед, а во среда ги чека дуел со Реал Мадрид во првиот меч од четврт-финалето на Лигата на шампиони.

Scroll to Top