Судењето на ѕвездата на Манчестер сити, Бенжамин Менди за четири обвиненија за силување и едно за сексуален напад ќе започне на крајот на јануари, што значи дека трикратниот освојувач на Премиер лигата ќе остане во притвор до крајот на судењето.
Поранешниот француски репрезентативец беше обвинет за низа сексуални престапи на три жени од октомври 2020 до август 2021. Втор човек, идентификуван како Луис Саха Матури исто така е обвинет за истиот случај.
Менди пристигна во Сити во 2017 година за тогаш рекордни за дефанзивец 78 милиони долари, и е суспендиран од клубот, кој е критикуван што му дозволувал на фудбалерот да игра додека траела истрагата на полицијата.
Ако Менди е осуден, покрај затворската казна која го очекува, најверојатно ќе добие и раскин на договорот од Сити, бидејќи во неговиот договор има опција за раскин ако го наруши угледот на клубот.