Top Sport

Бенжамин Менди се фалел дека спиел со 10.000 жени

Фудбалерот на Манчестер сити, Бенжамин Менди се обидел да силува една жена и силувал уште една во својот дом во Чешир, и во исто време се фалел дека спиел со 10.000 жени, открија сведоците на судењето за серија сексуални напади.

28-годишниот Менди беше прогласен невин за шест обвинувања за силување во јануари во првото судење во јануари, но поротата не можеше да дојде одлука во два дополнителни случи.

Обвинителот на судењто откри дека Менди организирал постојани забави во својот дом, каде што се обидел да силува една од жените, а другата ја силувал. Жената која го обвинува за силување ја даде својата верзија на настаните.

„Не повика во неговиот дом, ми го зема мобилниот телефон. Сакав да си отидам, тој инсистираше да се соблечам. Кога заврши работа ми кажа: ‘Многу си срамежлива. Јас спиев со 10 илјади жени’“, сведочеше таа.

Scroll to Top