Top Sport

Бенжамин Менди во самоизолација, нема да тренира со Манчестер сити

Дефанзивецот на Манчестер сити, Бенжамин Менди е поставен во самоизолација откако еден член на неговото семејство бил позитивен на корона вирусот, јавуваат англиските медиуми.

Куќата на Менди во Чешајр била посетена од британските лекари и Французинот сега ќе остане во самоизолација како превентивна мерка, но Манчестер сити ќе мораат да се подготвуваат за мечот против Барнли во сабота.

„Клубот може да потврди дека еден член на семејството на наш фудбалер е во болница со симптоми на корона вирусот. Додека не се дознаат резултатите на нашиот фудбалер на КОВИД-19, фудбалерот е во самоизолација“, објави портпаролот на Манчестер сити.

Scroll to Top