Top Sport

Бераино доби три деца од три жени за помалку од два месеци!

Напаѓачот на Стоук сити, Саидо Бераино, кој може да се „пофали“ со неверојатен учинок од еден гол во последните 913 дена, очигледно повеќе сака да погодува во целта надвор од теренот откако доби три деца од три различни мајки за помалку од два месеци.

Мајката број 1 е неговата поранешна свршеница Стефанија Христофору, која се породи со синот Коста на 30 мај во Бирмингем, иако двајцата ја раскинаа свадбата на 14 февруари откако тој беше „фатен“ во врска со американскиот модел Челси Лавлејс.

Мајката број 2 е засега анонимна медицинска сестра од Африка, која е пријател од детството на Бераино, која се породи со девојче во Волсол на 15 јули. Адвокатите на Бераино уште преговараат за признавањето на татковството.

На крајот, мајката број 3 е гореименуваната Челси Лавлејнс, која на 17 јули се породи со ќеркичката Анија Мари, исто така во Волсол. И ова дете е „признаено“.

 

Scroll to Top