Top Sport

Ремзи ги инспирираше „топчиите“ против Евертон (видео)

Арон Ремзи имаше две асистенции за три минути (една до Александер Лаказет, една до Пјер-Емерик Обамејанг), за Арсенал да стигне до рутинска 2:0 победа над тимот на Евертон.

Ремзи прво во 56. минута му „сервираше“ одлично додавање на Лаказет, кој мајсторски го совлада Џордан Пикфорд за во 59. минута да го најде помалку неспретно Обамејанг (кој сепак беше во офсајд позиција) за 2:0.

Со четвртата победа во низа по лошиот старт на менаџерот Унаи Емери, „топчиите“ се искачијан а шестото место на табелата со 12 поени, шест помалку од лидерот Ливерпул. Евертон остануваат со една победа досега на стартот на сезоната и со шест поени на 12. место.

Фото: ЕПА

Scroll to Top