Top Sport

Бераино уапсен пијан во Лондон, тврдел дека бега од банда

Напаѓачот на Стоук сити, Саидо Бераино бил уапсен во понеделникот наутро во 3 часот поради возење во алкохолизирана состојба, откако наводно бегал од една банда која го украла неговиот часовник.

Полицијата била повикана пред барот „Ви-Кју“ во Блумсбјури, Лондон, по што го забележала Бераино како бега со својот автомобил. 25-годишниот напаѓач на Стоук, кому во 2015 му беше одземена возачката дозвола поради возење во алкохолизирана состојба, подоцна бил уапсен и приведен.

Од Стоук потврдија дека ќе го казнат Бераино за последниот инцидент со двонеделна плата (околу 80.000 фунти).

 

Scroll to Top