Top Sport

Барса пред потпис со бразилскиот бек Витао

Барселона е пред договор со бразилскиот центархалф Витао, кој треба да дојде од тимот на Палмеираш, што ќе биде ново засилување за Каталонците со млад фудбалер.

19-годишниот Витао заедно со неговите агенти е во Барселона, каде што се вршат последните подготовки за трансфер, а Витао секако ќе биде фудалер за иднината. Витао, кој е висок 1.86 метри ќе склопи договор со кој или веднаш ќе биде префрлен во Б-тимот на Барса, или ќе биде позајмен на друг клуб за да добие искуство.

Засега, тој сигурно нема да биде во првиот тим, бидејќи тренерот Ернесто Валверде веќе има доволно дефанзивци. Младиот Витао е дел од бразилската У-20 репрезентација и игра како централен бек, но знае и да биде во средината на теренот. Според шпанските медиуми, клучен човек за трансферот бил Андре Кари, главниот бразилски скаут на Барселона.

Scroll to Top