Голот на бугарската фудбалска легенда Димитар Бербатов за Керала бластерс во дуелот со Атлетико де Колката е избран за најдобар гол на неделата во индиската Суперлига.
37-годишниот поранешен фудбалер на Манчестер јунајтед, успеа да постигне гол во 2:2 ремито на двата тима.
Бербатов целата сезона 2016/17 ја помина во аут без клуб, пред да се врати во август 2017 со потпис за Керала бластерс за годишна плата од околу милион евра.