Top Sport

Бербатов: Кејн не е на вистинското место во Тотенхем, му треба трансфер во Јунајтед

Главата на Хери Кејн „не е на вистинското место“ во Тотенхем, и тој треба да ја искористи шансата ова лето да направи трансфер во Манчестер јунајтед, вели Димитар Бербатов, фудбалерот кој го направи тој трансфер во минатото.

Кејн во последните шест години постигна 181 гол во 278 настапи за Тотенхем во сите натпреварувања, период во кој освои две „златни копачки“ како најдобар стрелец во Премиер лигата, но уште нема освоено ниту еден трофеј. Тој во март призна дека сака да освојува трофеи додавајќи дека нема да има проблем да си замине од северен Лондон за да биде шампион.

Бербатов беше во идентична ситуација кога се приклучи на клубот од „Олд Трафорд“ во 2008 и вели дека Кејн треба да се охрабри.

„Последниот чекор за мене беше приклучување на Манчестер јунајтед и знаев дека навивачите на Тотенхем ќе бидат разочарани, но морав да го следам мојот пат. Знаев дека ако ја пропуштам таа шанса нема да дојде друга. Така е во фудбалот, понекогаш треба да направиш тешки одлуки. Иста ситуација во моментов има Хери Кејн. Тој почна да си поставува прашања и можеби главата не му е на вистинското место во Тотенхем. Истото беше со Кристијан Ериксен. Ако има вистина во шпекулациите, тогаш треба да размисли. Не е најмлад. Кога ќе ги видам Тотенхем со Јунајтед сега, дури иако на хартија Тотенхем имаат подобри фудбалери, тие одат со страв кај Јунајтед“, вели Бербатов.

Scroll to Top