Top Sport

Рохо ги прекрши сите правила – покер, пијачка и цигара во рака (видео)

Дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Маркос Рохо, кој е на заем во аргентинскиот Естудијантес, очигледно не ги почитува многу правилата за изолација поради корона вирусот, откако се појави видео на кое тој пуши цигара и игра покер.

Рохо, кој се врати во Буенос Аирес во јануари, се појави на видеото кое го аплоудираше неговиот брат Франко во саботата навечер, и иако бргу го избриша видеото, тоа нормално се појави на друго место на Интернет.

Аргентинскиот претседател Алберто Фернандез ги продолжи мерките за карантин до 10 мај, иако се дозволува излегување на 500 метри од својот дом за рекреација.

Ова не е првпат Рохо да се најде на ударот на медиумите во Аргентина, откако само пред неколку дена беше забележан како игра со топка во еден парк. Навивачите на Естудијантес пак, уште повеќе ги налути тоа што тој носеше дрес на ривалите Бока јуниорс со името на Хуан Роман Рикелме на грбот. Дел од навивачите побараа претседателот на Естудијантес, Хуан Себастијан Верон да го казни дефанзивецот.

Scroll to Top