Top Sport

Бербатов: Санчо си мисли дека е важен како Роналдо или Руни

Поранешниот голгетер на Манчестер јунајтед, Бугаринот Димитар Бербатов ја коментираше ситуацијата околу Џејдон Санчо.

Талентираниот англиски репрезентативец кој во Манчестер јунајтед дојде од Борусија Дортмунд во летото 2021 година за 85 милиони евра, влезе во конфликт со менаџерот Ерик Тен Хаг и моментално е надвор од тимот.

Манчестер јунајтед кон средината на септември објави дека Санчо и официјално е суспендиран. Се дозна дека холандскиот тренер е подготвен да го врати во тимот само доколку Санчо му се извини нему и на соиграчите, но 23. годишниот фудбалер смета дека ништо не згрешил и дека нема намера да се извини.

„Мислам дека Санчо ја преценува својата важност. Со Јунајтед не освои многу трофеи. Кога станува збор за Роналдо, се е поинаку бидејќи Кристијано постигна се на „Олд Трафорд“. Исто така, бев во клубот кога Вејн Руни се скара со Фергусон и тие го решија тоа. Ова е друга ситуација.

Јунајтед поради оваа ситуација лесно би можел да реши да се ослободи од Санчо. Колку и да е талентиран, тој допрва треба да се докажува во Јунајтед. Зошто и како дошол во оваа ситуација можеме само да претпоставуваме, можеби поради неговата опкружување или луѓето со кои се дружи, а можеби и поради тоа што не се согласува со менаџерот. Ако вака продолжи, најдобра опција ќе биде да го раскине договорот“, изјави Бербатов.

Џејдон Санчо оваа сезона одигра само три натпревари во Премиер лигата. Манчестер јунајтед моментално е само деветти на табелата.

Scroll to Top