Top Sport

Бербатов со молба за Бејл: Сакам да гледам како играш фудбал!

Димитар Бербатов вели дека Герет Бејл е „премногу талентиран“ за да седи на клупата и дека нешто не е во ред со Реал Мадрид што дозволилле тоа да се случи.

Велшанецот нема одиграно ниту една минута по враќањето на фудбалот во Шпанија, продолжувајќи го конфликтот со Зинедин Зидан и „кралевите“, а шпекулациите велат дека е подготвен да седи на клупата до крајот на неговиот договр (уште две сезони).

Бербатов, кој играше во Тотенхем и Манчестер јунајтед, вели дека зачуден од целата ситуација откако човекот освои четири титули од Лигата на шампионите од 2013 година.

„Кога слушнав дека Герет Бејл не сака да игра, бев изненаден, а уште повеќе бев изненаден дека Зидан го откри тоа на јавноста. Нешто не е во ред таму во Реал Мадрид. Ако е фит, страшно е фудбалер како Бејл да не игра. Сакам да го видам како игра фудбал, бидејќи е премногу талентиран за да биде на клупата“, вели Бербатов.

Scroll to Top