Top Sport

Матуиди веќе замина, Пирло не смета ниту на Кедира и Игуаин

По раскинувањето на договорот со Блез Матиуди со взаемен договор и неговиот трансфер во клубот на Дејвид Бекам, Интер Мајами, се очекува слична судбина да ги следи и Гонзало Игуаин и Сами Кедира, на кои им било соопштено дека новиот тренер Андреа Пирло не смета на нив.

Со изненадувачката одлука Пирло без тренерско искуство да го преземе тимот на Јувентус, „бјанконерите“ се брзаат да состават трансфер-стратегија пред рестартот на лигата, а очигледно се потврдуваат најавите дека тој ќе направи „чистка“ во тимот.

33-годишниот Матиуди, кој беше постојан првотимец под претходниот Маурицио Сари, сега ќе го заработува фудбалскиот леб во МЛС лигата, додека Игуаин и Кедира, кои претходно беа клучни играчи на „бјанконерите“ се слободни да си бараат клуб. Двајцата имаат значително високи плати и договори до 2021 година.

Игуаин имаше 44 настапи во сите натпреварува за Јуве минатата сезона, со 11 гола, откако половината од 2018/19 ја помина на позајмица во Челси. Тој претходно беше поврзуван со враќање во Аргентина со Ривер плата. Кедира имаше 18 настапи во 2018/19, откако имаше низа повреди, но и срцеви проблеми.

Scroll to Top