Top Sport

Бербатов: Тренинзите со Роналдо беа како одење во војна

Поранешната ѕвезда на Манчестер јунајтед, Димитар Бербатов се потсети на тренинзите кај „ѓаволите“ со Кристијано Роналдо, велејќи дека секоја тренинг сесија била како одење во војна.

Бербатов и Роналдо заиграа заедно во 2008/09, по што Роналдо замина во Реал Мадрид и Јувентус, правејќи неверојатна кариера.

„Тренинзите со него беа како одење во војна понекогаш, луѓето во тимот мреазеа да губат, така што тоа беше совршена околина да се покаже посветеноста и желбата за победа. Можевте да забележите каков човек е само со гледање на неговиот распоред на тренинзи, и тој уште тогаш сакаше да биде најдобар на светот. Имав среќа што играв покрај Роналдо една сезона. Тој беше 100 отсто професионалец, на тренинзите и надвор од нив. Не се сеќавам да задоцнина тренинг. Секогаш беше подготвен за работа во теретана, а по тренинзите остануваше да работи на шутот, па одеше на пливање, па пак во теретана. Надвор од теренот, тој секогаш се шегуваше и беше пријателски расположен со сите. Сите божиќни забави со клубот беа забавни, но тој никогаш не пиеше алкохол“, објаснува Бербатов.

Scroll to Top