Top Sport

Бербатов: Ван де Бек е загубен во Јунајтед, треба да го продадат

Манчестер јунајтед треба да си вратат дел од 35-те милиони фунти кои ги дадоа на Ајакс со тоа што ќе го продадат Дони ван де Бек, кој изгледа „загубено“ во тимот, вели Димитар Бербатов.

Ван де Бек доби петгодишен договор со „ѓаволите“ во септември 2020, откако успеаја да го убедат да се пресели во Премиерлигата како еден од највозбудливите млади плејмејкери во Европа. Но, 24-годишниот Холанѓанец не успеа да се избори за стартно место под Оле Гунар Солскјер, и го имаше првиот старт за клубот оваа сезона при 2:1 поразот од Јанг бојс во Лигата на шампионите.

„Ван де Бек изгледа загубено. Времето да ја спаси неговата кариера во Манчестер јунајтед се троши. Стартуваше против Јанг Бојс, но го повлекоа на полувреме. Тоа е неговата приказна. Ако е стартер, ќе го заменат. Ако влезе од клупа ќе добие 10 минути. Не доби шанса да покаже што знае, и работите не функционираат, што е штета бидејќи дадоа добри пари за него. Но, тоа се случува кога трошите пари само да ги задоволите фановите. Се надевам дека ќе добие вистинска шанса, но мислам дека клубот треба да реши да ги намали трошоците и да го продаде“, вели Бербатов.

Scroll to Top