Top Sport

Не му простуваат – фан на Атлетико бараше Феликс да го повреди Гризман

Дел од навивачите на Атлетико Мадрид остануваат крајно незадоволни што Антоан Гризман се врати во клубот, а еден од нив дури побара Жоао Феликс да го повреди новиот соиграч.

При заминувањето од тренинг, младиот Португалец се сретна со дел од навивачите, и еден од него имаше бизарно барање.

„Жоао, повреди го Гризман, и прави се дека не си сакал“, вели фанот.

Расположението на Жоао Феликс веднаш се менува по прашањето и тој си заминува со порака: „Имајте малку почитување“.

Инаку, Гризман, кој се врати по несреќниот трансфер во Барселона како позајмен играч, вчера беше исвиркуван од публиката на „Ванда Метрополитано“ при мечот од Лигата на шампионите против Порто.

Scroll to Top