Top Sport

Бербатов за Тотенхем-Јунајтед: Кога имаш две деца, кое го сакаш повеќе?

Поранешниот напаѓач на Тотенхем и на Манчестер јунајтед, Димитар Бербатов признава дека е тешко да се избере фаворит меѓу двата тима кога ќе се рестатрира лигата со нивни дуел на 19 јуни.

„Ѓаволите“ го посетуваат прекрасниот нов стадион на Тотенхем во првиот меч од март, а дуелот е клучен за двата тима кои се борат за место во Лигата на шампионите – Јунајтед се петти, а Тотенхем заостануваат на осмото место со четири поени.

Бербатов, кој помина три сезони на „Вајт харт лејн“ и четири сезони на „Олд Трафорд“, признава дека нема да биде лесно.

„На првото место е задравјето и сите го разбираме тоа, но сакаме работите бргу да се вратат во нормала. Возбуден сум за тој прв меч  Спарс-Јунајтед, а лошо е што нема да има навивачи. Хери Кејн се врати, Сон се врати, но и Погба и Рашфорд се тука за Јунајтед. Луѓето ме прашуваат за кого ќе навивам и секогаш одговарам: ’Кога имаш две деца, кое го сакаш повеќе?’. Навивам за двата клуба и сакам да видам добар фудбал“, вели Бербатов.

Scroll to Top