Top Sport

Шлонск го бараат навивачот кој изнајми кран за да ги гледа

Навивач на полскиот клуб Шлонск Вроцлав најде необичен начин да ги надмине ограничувањата на присуство на фудбалските стадиони при дербито со Висла Плоцк, изнајмувајќи кран за да може да го следи мечот.

Навивачот успеа да најде совршено место за гледање како неговиот тим стигнува до 2:1 победа. Клубот објави фотографија од неговата „егзибиција“ и побара да го идентификуваат, а фудбалерот од средниот ред Кшиштоф Мачински изјави дека се работи за фанатична поддршка.

Scroll to Top