Top Sport

Бергоми: Го потценив корона вирусот и ставив во опасност мои колеги

Поранешниот фудбалер на Интер, Џузепе Бергоми открива дека имал корона вирус додека работел како ТВ-коментатор, посочувајќи дека ја потценил болеста и ги загрозил животите на колегите и на блиските.

Поранешниот италијански репрезентативец призна дека имал позитивен тест на антителата откако се загрижил за отсуството на чувството на мирис и силните болки во грбот.

„Имав серолошки тест и бев позитивен на ИгГ. На почетокот на март бев болен, имав проблем со чувството на мирис и болки во грбот, но не и во градите. За среќа, сега ги имам антителата, но ми објаснија дека тоа не значи дека сум заштитен, бидејќи вирусот се менува. Ако пак го добијам, би требало да имам полесни последици. Не бев исплашен, но постојано ми студеше. Мислев дека имам грип. Сега сум океј, повторно трчам и работам“, вели Бергоми.

Тој признава дека не се однесувал исправно додека бил болен, бидејќи продолжил да работи како тренер со академијата на Интер и гостувал на ТВ-шоуа.

„Бев будала, го потценив вирусот. На 21 февруари ја имав последната тренинг-сесија, а едно од момчињата доби пневмонија и оттогаш не игравме. На 26 февруари бев во Неапол за да коментирам за нивниот меч против Барселона, а потоа и во Перуџа за да го гледам мечот против Беневенто. Имав премногу контакт со луѓето“, признава Бергоми.

Scroll to Top