Top Sport

Бергоми: Нема прошка за Лукаку, предавството кон Интер е големо

Поранешните фудбалери на Интер се поделени околу „скандалот“ со Ромелу Лукаку и неговите преговори за трансфер во лутиот ривал, Интер, иако Џузепе „Бепе“ Бергоми смета дека не може да се поправи ситуацијата и односот со навивачите.

Последните шпекулации од Италија велат дека по преговорите со Јувентус, Белгиецот се обидел да ги контактира Интер за продолжување на преговорите, но Бергоми смета дека такво нешто не смее да се случи.

„Секој живот е создаден од избори и нема начин да се поправи оваа ситуација. Лукаку преговараше со Милан и Јувентус во моментите кога Интер се обидуваа да се договорат со Челси и сега тој мора да ги следи последиците за своето однсува. Секогаш во минатото сум го бранел Лукаку, секогаш велев дека тој е доминантниот играч во Серија А, но токму поради овие причини предавството е поголемо. Не можете да го браните. Сега, тој треба да си размисли за својата кариера, а Интер да се тргнат на страна“, вели Бергоми.

Со него се согласува и Алесандро Алтобели.

„Однесувањето не беше добро. Тој разговараше со други клубови по ветувањето кое го даде на Интер. Немаше респект за фановите, соиграчите и директорите. Погрешен чекор и предавство на клуб кој толку го сакаше. Нема враќање назад“, вели Алтобели.

Поранешниот играч од средниот ред, Никола Берти не се согласува.

„Неговото однесување беше изненадувачко и неприфатливо. Но, треба да сме прагматични и ако го смени мислењето, јас би му простил. Сите правиме грешки во животот“, оценува Берти.

Scroll to Top