Top Sport

Монако се пофали со потписот на Кемба Вокер!

Кошаркарскиот клуб Монако се засили со четирикратниот НБА Ол-стар, Кемба Вокер, кој поптиша едногодишен договор со евролигашкиоот клуб. 33-годишниот Вокер минатата сезона одигра само 9 меча за Далас маверикс, кои во јануари му го поништија договорот.

Вокер, кој помина 12 години во НБА лигата имаше 750 настапи во најсилната светска лига, поминувајќи ги првите осум сезони во Шарлот хорнетс, кои го избраа како 9. пик на драфтот во 2011. Тој останува лидер по бројот на поени (12.009), минути, тројки и слободни фрлања на Хорнетс. Вокер исто така играше за Бостон селтикс и Њујоркс никс.

Монако минатата сезона беа трети во Евролигата и ја освоија француската лига.

Scroll to Top