Top Sport

Бергоми: Се срамев кога го гледав Лукаку

Легендата на Интер, Џузепе Бергоми влезе во остри критики на Ромелу Лукаку по 2:2 ремито на Интер со Монца, оценувајќи го настапот на белгискиот напаѓач „засрамувачки“.

Лукаку се врати во Интер на позајмица од Челси, откако враќањето во Премиерлигата му беше катастрофално, иако „сините“ платија 110 милиони евра за него во 2021, но сезоната му е одбележана со повреди и слаба форма.

„Се залажав со првото полувреме против Наполи, но кога Лукаку влезе во игра против Монца, ми беше срам да го гледам. Не можеше да ја контролира топката, како да му беше страв. Не знам дали се работи за физичка неподготвеност или ментален проблем. Изгледа како да носи со себе разочарување од Светското првенство“, вели Бергоми.

Scroll to Top