Top Sport

Мексиканскиот клуб Пачука му посвети „трон“ на Пеле

Мексиканскиот фудбалски клуб, Пачука, на својот стадион „Хидалго“ поставија „вечен“ трон посветен на бразилската фудбалска легенда Пеле, кој почина на 82-годишна возраст на 29 декември. Пред 5:1 победата над Пуебла, претседателот на Пачука, Хезус Мартинез го претстави посебното место на нивниот стадион.

„Место за тронот за кралот, најголемиот во историјата“, напишаа од клубот на Твитер.

Покрај тоа, пред мечот, фудбалерите на Пачука излегоа со бразилски дресови, додека стотина бели балони беа пуштени во чест на „О Реи“. Пеле ја посети Паачука во 2001 година, откако клубот еден од своите тренинг-терени го именуваше по него, а три години подоцна присуствуваше и на отварањето на обновениот стадион „Хидалго“.

Scroll to Top