Кам-бекот на својот тренер, Едуардо Берисо на клупата, Севилја не успеа да го „награди“ со победа, откако одигра само 0:0 со Леванте во првиот меч од 16. коло во Ла лига.
Аргентинецот Берисо беше на операција на ракот на простатата, откако болеста беше објавена по 3:3 ремито со Ливерпул во Лигата на шампионите, и откако беше на операција, тој во четвртокот ги изненади играчите со посета на тренингот, за во петокот да биде на клупата на тимот.
Со освоениот поен, Севилја останува на петтото место во Ла лига, со 29 поени, додека Леванте, за кои не настапи македонскиот интернационалец Енис Барди поради повреда, се на 15. место со 17 освоени поени.