Top Sport

Антиќ диригираше со одбраната, Фелдин со нападот: Звезда победи во Валенсија

Кошаркарите на Црвена звезда, во драматичен натпревар, победија во Валенсија 86:82 (26:22, 14:16, 16:25, 30:19), во последниот натпревар од 12.коло во Евролигата. Белградскиот тим со третата евролигашка победа во низа стигна до скор од пет победи и седум порази, додека Валенсија го запиша деветтиот пораз.

Македонскиот интернационалец Перо Антиќ, одигра уште еден одличен натпревар (10 поени, една асистенција, 4 украдени топки) за 26 минути. Тој заедно со Џејмс Фелдин и Дејан Давидовац беше творец на серијата 17:0 со која Црвена звезда се врати од негатива од 13 поени.

Црвена звезда добро влеззе во мечот имаше четири поени предност по првата четвртина, а до 17.минута создаде позитива од 11 поени. Во последните три минути од полувремето Валенсија се врати во мечот со серија од девет поени.

Во вториот дел Валенсија влезе во вистинскиот ритам, целосно востостави контрола врз играта, го натера противникот на нерезонски шутеви и полека ја зголемуваше предноста до максималните 13 поени во 34 минута.

Тогаш започна серијата, Антиќ доминираше во одбраната, а неговиот тим со серија 27:10 го затвори мечот.

Антиќ блескаше во одбраната, а Фелдин во нападот. Доминиканецот постигна 26 поени (8/10 за два, 10/10 слободни), а покрај споменатите двајца двоцифрен учинок имаше и Тејлор Рочести (13 поени).

Валенсија ја предводеше Фернандо Сан Еметерио со 17 поени, а Германецот Тибор Плајс имаше учинок од 13 поени и 7 скока.

Scroll to Top