Претседателот на фудбалскиот клуб Монца и поранешен италијански премиер Силвио Берлускони заболел од леукемија, пренесува Ројтерс.
„Тој боледува од сериозна болест на крвта. Тоа ја предизвика и претходната хоспитализација“, вели изворот на РАИ.
86. годишниот политичар е хоспитализиран поради кардиоваскуларни и респираторни проблеми и се наоѓа на одделението за интензивна нега.
Ова е втора хоспитализација на Берлускони во последните неколку дена. Леукемијата била откриена при првата посета на болницата, додава „Кориере дело спорт“.
Берлускони беше сопственик на Милан во златната ера на Росонерите од 1986 до 2016 година, а во 2018 година ја презеде Монца и го внесе клубот во Серија А. Тој е лидер на партијата Напред Италија, а беше и премиер на таа земја три пати.