Поранешниот италијански премиер, бизнисменот Силвио Берлускони преку соопштение ги демантираше италијанските медиуми кои тврдеа дека е подготвен да ја продаде Монца за да се врати како делумен сопственик на својот стар клуб, Милан.
Шпекулациите се појавија пред клучниот меч на Монца за влез во Серија А, каде што во баражот во сабота играат со Пиза. Монца победи во првиот меч со 2:1.
„Приказната за продажба на Монца за да добијам дел од акциите на Милан е целосно неоснована. Монца не е на продажба, а сега ни е потребна крајна концентрација за неделното финале“, напиша Берлускони на Твитер.
Берлускони беше газда на Милан повеќе од 30 години, од февруари 1986 до април 2017 година, кога го продаде клубот на кинескиот милијардер Јонгхонг Ли. Во тој период, Милан освои пет европски титули, осум трофеи о Серија А и шест трофеи од Копа Италија. По ова, тој го купи малиот клуб Монца, и успеа да го крене од Серија Ц во Серија Б, заедно со поранешниот директор на Милан, Адријано Галијани.
La notizia della vendita del Monza per l’acquisto di una quota del Milan è destituita di fondamento. Il Monza non è in vendita. Adesso c’è bisogno della massima concentrazione per la finalissima di domenica sera. https://t.co/vwOcoE5eEm
— Silvio Berlusconi (@berlusconi) May 27, 2022