Поранешниот италијански премиер и екссопственик на Милан, Силвио Берлускони секогаш бил амбициозен човек, така што не е чудно што по преземањето на третолигашот Монца најавува дека главната цел е постојано место во Серија А.
82-годишниот Берлускони заедно со својот долгогодишен соработник и поранешен претседател на Милан, Адријано Галијани минатиот месец го откупија тимот од малото градче во Ломбардија и надежите се големи.
„Целта е да се биде постојано во Серија А. Би сакале да бидеме пример за другите италијански тимови – целосно италијански и со млади фудбалери кои се доброобразувани и лојални на теренот. Дерби со Милан за три години? Па, тоа не е сон, тоа е целта, иако јас сум навивач на Милан од раѓање“, изјави Берлускони пред стадионот „Бриантео“.