Top Sport

Дел Потро е вистински малер – скрши коска во коленото!

Хуан Мартин дел Потро има скршено коска во коленото за уште една сериозна повреда на поранешниот гренд слем шампион, кој навистина нема среќа со повредите.

Аргентинецот двапати правеше подолга пауза од тенисот поради скршеница на зглобовите на двете раце. Сега, тој се повлече откако го загуби првиот сет од Борна Чориќ во четврт-финалето во Шангај во четвртокот по еден пад.

Тестовите покажале дека се работи за скршеница потврди неговиот агент, Хорхе Виале, кој додаде дека наскоро лекарите ќе дадат прогноза за кога тој би можел да се врати на тенисот.

Фото: ЕПА

Scroll to Top