Поранешниот сопственик на Милан, Силвио Берлускони, се наоѓа под истрага поради наводно „перење на пари“, кога му го продал клубот на Јонгхонг Лиу.
Берлускони по неколку месечни преговори, во април 2017 година му го продаде клубот на Ли за сума од 720 милиони евра.
Италијанските медиуми „Ла Стампа“ и „Секоло XIX“ тврдат дека Берлускони го продал Милан за 300 милиони евра повеќе од неговата реална пазарна вредност.
Случајно или не овие обвинувања се појавија кога Берлускони го најави своето враќање на политичката сцена во Италија со својата партија „Форца Италија“.
Берлускони во три мандати беше премиер на Италија (мај 1994-јануари 1995, јуни 2001-мај 2006 и мај 2008-ноември 2011).
Новиот сопственик на Милан, Ли, минатото лето вложи речиси 200 милиони евра во реновирање на тимот, но и покрај вложувањата Милан се наоѓа на скромното 11.место во Серија А.