Top Sport

Берлускони прати приватен авион за да го „собере“ Мариќ од Осиек

Монца на Силвио Берлускони, почна со засилувањата по влегувањето во италијанската Серија Б, праќајќи приватен авион да го „собере“ хрватскиот напаѓач на Осиек, Мирко Мариќ.

25-годишниот Мариќ имаше 20 гола во 40 меча за Осиек оваа сезона и има два настапи за хрватската репрезентација, но и настапи во јуниорските тимови на Босна и Херцеговина. Според „Скај спорт“ Италија договорот е вреден 4.5 милиони евра, што претставува огромна сума за поголемиот дел од италијанските второлигаши.

Монца влегоа во Серија Б како дел од новиот проект на Силвио Берлускони и Адријано Галијани, со амбиции веднаш да се избори пласман и за елитата. Берлускони над 30 години беше на чело на Милан, во најславните денови за „росонерите“.

Scroll to Top