Top Sport

Берлускони се враќа на „Сан Сиро“: Милан се славното минато, Монца се иднината

Поранешниот претседател на Милан и експремиер на Италија, Силвио Берлускони вели дека Монца се „иднината“ пред неговото враќање на „Сан Сиро“ на 5 септември.

„Росонерите“ ќе играат пријателски меч со Монца во сабота и поранешниот претседател се враќа таму првпат откако го продаде клубот за да се соочи со „најголемата љубов во неговиот живот“.

„Милан се најголемата љубов во мојот живот. Се работи за славно минато и секогаш ќе биде во моето срце. Монца, од друга страна, е сегашноста и иднината и јас секогаш гледам кон иднината“, изјави Берлускони за весникот „Ил џорнале“.

Монца минатата сезона влегоа во Серија Б, и претседателот потврди дека планира „бјанкоросите“ да ги внесе во Серија А следната сезона, со што дуелот на „минатото“ и „иднината“ би станал редовен.

Scroll to Top